250
Седумдесет и шестгодишна жена од Прилеп вчера во ОВР Прилеп пријавила дека била измамена од маж за сума од 380.000 денари, објави МВР.
Според пријавеното, измамникот ден претходно телефонски ѝ се јавил, при што претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажал дека нејзината внука со автомобил удрила дете-мигрант во сообраќајна несреќа во Охрид.
Како што е пријавено, тој исто така ѝ кажал на измамената жена дека нејзината внука ќе помине 10 години во затвор, доколку таа не им даде пари на родителите на детето што е жртва во наводната сообраќајка.
Таа се согласила да даде пари и следната вечер во нејзиниот дом дошла жена, на која таа ѝ дала шест илјади евра.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.