Во септември ќе доживее евентуална примена, законската уредба за недела неработен ден. Според извори на Тв 24, иако интензивирани разговорите помеѓу сите засегнати страни, примената ќе биде одложена за на есен.
Инаку, сите оние кои ќе ја работат неделата, ќе бидат платени по дневница и половина, и меѓудругото ќе им следува и слободен ден во текот на седмицата која следува.
„Ние во недела мора да му гарантираме на работникот дека ќе седи дома. А секој оној што ќе оди на работа, сабота како претходен ден или понеделник, како ден потоа, да му биде неработен ден. Значи кој ќе работи во недела да одмара или во сабота или во понеделник“, истакна претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.
Како што е познато, една третина од работниците ќе можат да уживаат во оваа законска норма, додека 34 дејности ќе бидат во можност да работат. Освен за армијата, војската и фабриките кои не може да го прекинат производството, неделата останува работен ден за аптеките, бензиските, транспорт, медиуми, пожарникарски и погребални услуги, прехрана, хотели.