Примил 4 дози вакцини против корона, за да си ги зголеми антителата

од Nikola Popovski
304 прегледи

Млад Австралиец од Сиднеј е целосно вакциниран против коронавирус со две различни вакцини, и покрај тоа што има само 34 години и не работи во ниту еден суштински сектор.

Том Лис тврди дека не ги прескокнал редовие за вакцини и дека едноставно чекал пред центрите, со цел да добие она што го нарекува „зголемување на антителата“.

Вакцините на Фајзер се достапни само за луѓето над 40 години во Австралија во оваа фаза или за оние кои работат во критични сектори, како што се хотелски карантин, додека АстраЗенека е достапна за секој што сака.

Сепак, наместо да чека на дадени три месеци додека на помладите Австралијци не им биде дозволено да ја примат вакцината на Фајзер, Лис едноставно се појавил во центарот за вакцини и ја испробал својата среќа.

Лис првпат почнал со АстраЗенека на 31 март. Оттогаш тој се ревакцинирал со истата и две дози на Фајзер, при што последната во понеделникот во Олимпискиот парк во Сиднеј.

– Што се однесува до прескокнувањето на редиците, јас не гледам така. Не украдов никакви вакцини. Само чекав во ред за да ја добијам. Вакцинацијата бара малку работа со нозете и секој може да го стори тоа – изјави тој за „News.com.au“.

Истражувањето за ефикасноста на удвојувањето на вакцините е сè уште во рана фаза, но студија на Универзитетот во Оксфорд за индивидуални дози од секој тип даде ветувања.

Студијата Com-COV опфати 830 волонтери над 50 години и покажа дека вакцината АстраЗенека проследена со доза на Фајзер четири недели подоцна е скоро добра како и двојната доза од Фајзер.

Различен редослед, сепак, бил помалку ефикасен, додека двојната доза на Фајзер сепак давала најдобри резултати.

Сепак, оваа студија не се осврна на двојната доза на две различни вакцини и нивниот ефект врз антителата против болеста.

Слични содржини