ПРИМИРЈЕ: Талибанците прогласија прекин на огнот за Рамазан Бајрам

од Nikola Popovski
274 прегледи

Талибанците денес објавија тридневен прекин на огнот во Авганистан за време на муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам, што започнува оваа недела.

„На сите борци им е наредено да престанат со офанзивните операции со цел да се обезбеди мирна и безбедна атмосфера за да можат нашите сонародници да го прослават овој радосен празник“, напишал портпаролот на Талибанците на Твитер.

Насилството ескалираше во Авганистан во последните денови.

Во саботата во експлозија пред училиште во авганистанскиот главен град Кабул загинаа 68 лица, а 165 беа повредени.

САД испратиле дополнителни сили за заштита на американските и коалициските сили за време на повлекувањето на трупите од Авганистан.

Слични содржини