312
По повод осмиот роденден на принцезата Шарлот, објавен е нејзин нов портрет на кој славеничката седи насмеана на плетен стол во бел фустан.
Принцот и принцезата од Велс го прославуваат секој роденден на своите деца на посебен начин, а портретите направени по тој повод ги споделуваат со обожавателите на британското кралско семејство.
Денешниот осми роденден на нивната единствена ќерка, принцезата Шарлот, не беше поинаков. Се шпекулира дека и за овој портрет е заслужна Кејт Мидлтон, а на него е прикажана насмеана Шарлот како седи на плетен стол и позира во бел фустан без ракави.
Она што особено ги воодушеви нејзините фанови е нејзината насмевка.