Принцот Хари ќе открие непознати детали за смртта на принцезата Дајана

од Nikola Popovski
390 прегледи

Принцот Хари (38) се подготвува за објавувањето на неговите мемоари „Spare“, кои излегуваат за шест дена. Во текот на изминатите денови тој даде две интервјуа. Еден од нив беше со Том Бредби, поранешен кралски дописник кој моментално работи за „ITV“, а другото со Андерсон Купер на „CBS News 60 Minutes“.

Во разговор со Купер, Хари рече дека е „разочаран“ поради „протекување и приказни кои се подметнуваат“ против него и неговата сопруга Меган Маркл.

– Семејното правило е „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“, но тоа е само правило. Тие на пример ќе разговараат со новинар, тој буквално ќе ја добие информацијата на лажица и ќе го напише текстот. И на крај ќе се истакне дека тие побарале коментар од Бакингемската палата. Така, кога во последните шест години велеа „не можеме да дадеме изјава за да ве заштитиме“, но тоа го правите за другите членови на семејството. Доаѓате до точка кога тоа молчење е предавство, рекол Хари.

Во интервјуто со Бредби, Хари ќе зборува за семејните односи и ќе открие непознати детали за смртта на принцезата Дијана.

Двете интервјуа ќе бидат објавени во недела.

Фото: Profimedia

Слични содржини