Бурата околу објавувањето на мемоарите на принцот Хари не стивнува. Британските медиуми пишуваат дека помладиот син на кралот Чарлс Трети побарал од кралското семејство да ѝ се извини на неговата сопруга Меган Маркл.
Принцот Хари, да потсетиме, во својата нова книга изнесе низа изненадувачки ставови, тврдејќи дека неговото семејство го третира како да е „во заблуда и параноичен“.
Принцот рече:
– Знаете што сторивте, а сега знам и зошто го направивте тоа. Фатени сте, затоа само извинете се.
Дејли Мејл пишува дека не е јасно за што сака Хари неговото семејство да ѝ се извини на сопругата. Хари, исто така, тврди дека ја донел вистинската одлука со тоа што застанал на страната на неговата сопруга Меган Маркл.
Во интервју за британски „Телеграф“ пред официјалното претставување на мемоарите претходно оваа недела, се чинеше дека Хари го обвини своето семејство за кавгата.
Војводата од Сасекс додаде дека не може да разбере зошто му е „шокантно и навредливо“ да ја каже, како што рече, „вистинската страна на приказната“.
Хари, исто така, тврдеше дека чувствува одговорност да ја реформира монархијата во интерес на неговите две мали деца од бракот со Меган Маркл.
Тој исто така опиша како терапијата му помогнала, но рече дека не можел да допре до своето семејство за да ги подобри односите.
– Потоа се обидов да им објаснам како некои од нивните одлуки и некои од работите што ги направиле или не ги направиле, ќе влијаат лошо врз нив. Особено ширум глобалната сцена, особено низ Комонвелтот, во однос на мојата сопруга. И не можев да допрам до нив, иако не се обидував само да допрам еден или двајца луѓе. Тоа беше начинот на размислување, објасни принцот Хари.
Откако се скараа со остатокот од семејството, по што следуваше повлекување од кралските должности, Хари и Меган се преселија во Канада во 2020 година.
Хари тврдеше дека членовите на кралското семејство треба финансиски да ги контролираат него и Меган и дека ситуацијата во која тој и Меган живеат надвор од нивна контрола е „некако проблематична за кралското семејство“.
Во мемоарите, Хари тврди дека членовите на кралското домаќинство редовно го информирале печатот за сè, вклучително и негативното известување за Меган.
Хари беше критикуван за споделување приватни разговори и интимни детали за членовите на неговото семејство.
Сепак, принцот тврдеше дека има многу други детали што одбрал да не ги открие затоа што „само не сака светот да знае“, додавајќи дека неговото семејство можеби „никогаш нема да му прости“ ако го стори тоа.
Зборувајќи за своето семејство, тој рече дека поделбата можела да се избегне, но дека некои членови не успеале да се воздржат:
– Би сакал да седнете со мене како што треба и наместо да кажете дека сум во заблуда и параноичен, да разговараме отворено за се. И да и се извините на жена ми, потенцирал Хари.
Во своите мемоари „Spare“ и неколку интервјуа што ги дал за промоција на книгата, Хари покрена низа обвинувања против своите најблиски роднини.