Принцот Хари би можел да биде исфрлен од крунисувањето на кралот Чарлс поради наводите воа мемоарите

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Принцот Хари би можел да биде исфрлен од официјалниот протокол на крунисувањето на кралот Чарлс, пишуваат британските медиуми. Причината за тоа се голем број „скандалозни“ откритија од неговите неодамна објавени мемоари.

Во својата нова автобиографија наречена „Spare“, Хари упати низа тврдења и обвинувања против својот брат и татко, нарекувајќи го принцот Вилијам свој непријател. Тој, исто така, го обвини својот татко дека се грижи дека моќта на Меган како холивудска ѕвезда ќе го засени.

Засега кралското семејство не објави ништо за мемоарите на Хари, а „Сандеј тајмс“, а потоа и други британски медиуми објавија дека сепак ќе има последици за принцот поради се што е споменато во книгата и дека тој ќе биде изоставен од крунисувањето на кралот Чарлс, кое е закажана за мај.

Веста за неговото „отстранување“ од церемонијата доаѓа откако принцот се појави на британската телевизија „ITV“ каде зборуваше за вината што ја чувствува по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

„Принцот Хари е изоставен од сценариото за крунисувањето, без официјална улога во службата доколку присуствува“, напиша уредникот на весникот.

Исто така, се вели дека Чарлс ќе стави крај на традицијата на кралските војводи да клечат и да оддаваат почит, а таа улога ќе ја има само Вилијам.

Слични содржини