Во еден бар во Дизелдорф, принцот Хари го прослави својот 39-ти роденден со својата Меган, каде наздравуваше со дури шест чаши пиво, но она што повеќе ја изненади јавноста е неговиот потег, кој очигледно беше внимателно испланиран.
Заедно со богатата вечера, полна со традиционална германска храна со колбаси и винерски шницли, црвена зелка и пире од компири, принцот Хари наздравил со дури шест пива за себе. Својот 39-ти роденден го прослави во еден бар во Дизелдорф со сопругата Меган Маркл и ги воодушеви вработените на парот со неговата пристапност, но и со големиот бакшиш што го остави.
Но, она што е поинтересно од неговиот роденден е потегот, за кој многумина веруваат дека принцот Хари долго размислувал, се со цел уште еднаш да го изнервира својот постар брат, принцот Вилијам.
Имено, за време на Invictus Games, Хари и Меган се сретнале со шефовите на НАТО во Германија, па така одиграле уште една ПР игра, која нема да му се допадне на неговиот брат.
Принцот од Велс втора недела патува во Њујорк како дел од обидот да ја зајакне својата улога како глобален државник, но и да се сретне со лидерите на Обединетите нации и да присуствува на самитот за неговата награда Earthshot од 50 милиони фунти, која се оддржува веќе трета година.
Вилијам е исклучително популарен во Америка и неговото патување преку океанот предизвика голем интерес, а ТВ куќите не престануваат да се натпреваруваат меѓу себе за да добијат интервју со идниот британски крал.
Војводата и војвотката од Сасекс се состанаа со началникот на Здружениот Генералштаб на НАТО, генерал Луиџи Миглиета, а спортистите кои учествуваат на Игрите Инвиктус велат дека се чувствуваат „фатени во вкрстен оган меѓу двајца браќа“.
Со средбата со водечките луѓе на НАТО, како и со средбата на Вилијам со шефовите на ОН, браќата ги „покрија“ некои од најважните и најмоќните луѓе во светот и тоа беше многу позитивен ПР за двата пара.