Принцот Хари го загуби судскиот спор кој скапо ги чинеше Британците

од Симе Стоиков

Британскиот принц Хари ќе мора да плати за приватно обезбедување при посетите на Велика Британија, откако го загуби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи за полициска заштита.

Според „Daily Mail“, неговата правна битка ги чинело даночните обврзници на Велика Британија повеќе од 500.000 фунти.

Само минатата година принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл платија два милиони фунти за приватно обезбедување.

Безбедносниот консултант Сајмон Морган, кој исто така е поранешен офицер за кралска заштита, рече дека принцот Хари нема полициска заштита во ОК или САД и ќе продолжи да плаќа за приватно обезбедување.

Минатата година војводата од Сасекс поднесе тужба против Министерството заради прекин на полициската заштита, а изгубениот случај ги чинеше граѓаните на Велика Британија 500.000 фунти.

Морган додава дека има докази дека Хари почнал да ужива дел од својата стара кралска заштита благодарение на кралот Чарлс III.

Слични содржини