Принцот Хари ќе го види својот татко, кралот Чарлс III, за прв пат по 20 месеци кога ќе се врати во Велика Британија за две недели, иако принцот Вилијам ја отфрли можноста за какво било помирување со својот брат, објави денес „Мирор“.
Се очекува принцот Хари да пристигне во Лондон на 8 септември, на третата годишнина од смртта на кралицата Елизабета II, за да присуствува на доделувањето на наградите „Велчајлд“, добротворен настан што тој долго време го поддржува.
Кралот Чарлс III е во Велика Британија во тој момент и нема планирано странска посета до крајот на септември, што ќе го отвори патот таткото и синот да се сретнат лично за прв пат од февруари 2024 година.