Принцот Хари на тајна мисија среде воена зона – што правеше во Украина?

од Nikola Popovski
50 прегледи

Принцот Хари дојде во ненајавена посета на Украина каде се сретна со повредени припадници на војската. Посетата е дел од неговата континуирана хуманитарна работа со ранетите ветерани.

За време на престојот во Украина, 40-годишниот принц Хари го посетил центарот „Superhumans“, специјализирана ортопедска клиника во Лвов, која обезбедува бесплатна рехабилитација на повредените воени лица и цивили.

„Принцот го обиколи центарот, разговараше со пациенти и медицински експерти и се запозна со работата на хируршкиот тим со цел подобро да ги разбере најсовремените услуги што се обезбедуваат“, потврдил неговиот портпарол.

Според британските медиуми, Хари бил поканет во Украина од извршната директорка на организацијата Олга Руднева, која во два наврати му ја испратила поканата. Од безбедносни причини, посетата не била објавена во јавноста се додека принцот не ја напушти земјата.

За време на посетата, Хари добил емотивен подарок – нараквица со неговите иницијали и цитат: „Кој ќе спаси еден живот, го спасува светот“. Тој, исто така, повторно се сретна со еден украински натпреварувач од „Invictus Games“, кој му подарил специјална воена ознака.

На принцот му се придружиле во посетата и четворица ветерани од неговата фондација „Invictus Games“, кои и самите поминале низ слична рехабилитација по повредите во воените конфликти.

Слични содржини