Принцот Хари до сега без Меган патуваше само во Велика Британија, каде што не беше посакувана, но сега свесно се разделија…
Оваа информација доаѓа во време на гласини дека тие двајца се всушност во многу лоши односи, како и наводи дека се во лоши односи со нивните познати пријатели.
38-годишниот војвода од Сасекс пред неколку дена отпатува во Токио, на специјален настан посветен на одбележувањето на вредностите на спортот, а потоа ќе отпатува за Сингапур на Поло купот.
Од друга страна, Меган остана во Калифорнија со децата, набргу откако го прослави својот 42 роденден. Според извештаите, 42-годишната Меган сака да поминува време со децата Арчи и Лилибет. Последните недели од летото најчесто ги поминуваат на плажа, шетајќи се со три кучиња кои се дел од семејството, а малиот Арчи наскоро ќе се врати во градинка.
Медиумите пишуваат дека Меган е многу пристапна во Монтесито, разговара со сите и „не се преправа“. Иако е сосема нормално да ги извршува своите обврски кон крајот на летото во Монтесито, каде што живеат, на многумина им е чудно што таа не отишла на патувањето со Хари.
Досега тие двајца секогаш патувале заедно, а се разделиле само кога Хари во неколку наврати отпатувал во Велика Британија, а општо познато е дека неговото семејство не е во идеални односи со Меган.
Во вторникот, Меган беше видена без Хари на концертот на Тејлор Свифт, каде што пееше песни во дует со публиката, а Хари беше виден во Токио со неговиот пријател Игнасио Начо Фигуерас. Хари и Начо се сликаа заедно, а на Инстаграм соопштија дека одат на шопинг за своите сопруги. Хари истакна дека навистина му се допаѓа Токио и може да се замисли да живее таму …
За многумина ова е сигнал дека нешто не е во ред во неговиот брак.
„Тој ја напушти својата татковина за неа и, се разбира, не најде среќа во Америка, па сега би сакал да се пресели во Азија“, „Тој побегна овде од Меган“, „Нема шанси нивниот брак да биде во ред без Меган да патува со него…“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.