Принцот Хари повторно го доби на суд весникот Мирор, треба да му исплатат речиси половина милион евра

од Nikola Popovski
225 прегледи

Принцот Хари ќе добие значителна отштета за преостанатите тужби против британскиот весник Мирор, кој го тужеше за незаконско собирање информации за објавување приказни за него, изјави адвокатот на помладиот син на кралското семејство.

Групацијата Мирор ќе му плати дополнителни 400.000 фунти (468.270 евра) и ќе ги покрие сите судски трошоци, изјави во петокот денес адвокатот на принцот, Дејвид Шерборн, пренесувајќи ја пресудата на Високиот суд во Лондон.

Принцот Хари поднесе нова тужба од 115 точки, но беше постигната спогодба, со што случајот заврши.

Војводата од Сасекс, како што е титулата на принцот Хари, веќе доби случај против овој медиум во декември. Судијата тогаш пресуди во негова корист за речиси половина од 33-те обвиненија и одреди принцот Хари да добие паричен износ од нешто повеќе од 160.000 евра.

Групацијата Мирор соопшти дека е задоволна што е постигнат договор да се овозможи продолжување на нивната работа, „ставајќи во минатото настанот за кој веќе се извинија“.

Портпаролот на овој медиум рече дека ја поздравува пресудата од декември, додавајќи дека „таму каде што се направени историски грешки, тие безрезервно се извинуваат, преземаат целосна одговорност и ќе платат отштета“.

Слични содржини