Принцот Хари пристигнува во Велика Британија: Дали конечно ќе се сретне со Вилијам и Кејт Мидлтон?

од Nikola Popovski

Британскиот принц Хари, кој живее во САД откако се повлече како член на кралското семејство, најави дека ќе ја одбележи 10-годишнината од игрите „Invictus“ на богослужба во катедралата Свети Павле во Лондон на 8 мај, со што ќе оствари ретка посета на Обединетото Кралство поради овој меѓународен спортски настан што тој го основа.

Како што најавија организаторите на настанот, пристигнувањето на принцот Хари на десетгодишнината од игрите Invictus „ќе одбележи една деценија во текот на која спортот се промени и им ги спаси животите на многумина“, објави Ројтерс.

Игрите „Invictus“ се меѓународен мултиспортски настан за ранети, повредени и болни припадници на вооружените сили, и оние во активна служба, како и ветерани, кој за првпат се одржа во 2014 година.

Војводата од Сасекс, кој живее во САД со сопругата Меган и двете деца, ги започна игрите во 2017 година како меѓународен спортски настан за припадниците на војската повредени во воени операции, наведува Ројтерс.

Принцот Хари, најмладиот син на кралот Чарлс III, служеше како пилот на воен хеликоптер во Авганистан.

Хари дојде во Велика Британија само неколку пати откако донесе одлука во 2020 година да ги прекине своите активности како член на кралското семејство.

Тој доаѓаше само на важни и големи настани како погребот на кралицата Елизабета Втора во 2022 година и крунисувањето на неговиот татко во мај 2023 година.

Последен пат беше виден во Велика Британија во февруари оваа година на кратка средба со неговиот татко, откако британскиот монарх објави дека му бил дијагностициран рак.

Слични содржини