Принцот Хари: Сакам семејство, а не институција

од Nikola Popovski
271 прегледи

Би сакал да го вратам татко ми, би сакал да го вратам брат ми, изјавил британскиот принц Хари во интервју за „ITV“ и „CBS“ пред објавувањето на неговата книга „Spare“, но додал дека  не е покажана „апсолутно никаква подготвеност за помирување“.

Бакингемската палата одби да ги коментира наводите од интервјуто, кое во целост ќе биде пренесено на телевизија на 8-ми јануари, два дена пред објавувањето на автобиографијата, јавува Би-Би-Си.

Зборувајќи со новинарот на „CBS News“ Андерсон Купер во, како што тие го опишаа како „експлозивен“ разговор, принцот Хари тврдел дека бил предаден со „протекување информации и подметнување приказни против него и неговата сопруга“.

Семејното мото е „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“, но тоа е само мото.

„Ќе нахранат или ќе разговараат со новинар, буквално ќе добијат информации на лажица и ќе напишат приказна, а на дното ќе кажат дека контактирале со Бакингемската палата за коментар. И целата приказна е коментирање на Бакингемската палата“, рече Хари.

„Кога ни беше кажано во изминатите шест години – не можеме да дадеме изјава за да ве заштитиме, но вие тоа го правите за другите членови на семејството, се доаѓа до точка каде што молчењето е предавство“, смета принцот.

Принцот Хари исто така рекол дека „сака семејство, а не институција“

Телевизијата „ITV“ објави дека принцот Хари во интервјуто ќе открие детали кои досега не се објавени, за околностите околу смртта на неговата мајка Дијана, принцезата од Велс.

Интервјуто е снимено во Калифорнија, каде што живее семејството.

Слични содржини