Принцот Хари стравувал дека ќе го исфрлат од кралското семејство

од Nikola Popovski
278 прегледи

Војводата од Сасекс, принцот Хари, стана првиот британски крал во последните 130 години кој сведочеше на суд.

Хари денеска беше во Лондон на судење против групацијата весници „Мирор“. Во својот писмен поднесок до судот, тој го опишал животот што го имал додека неговото име постојано се појавувало во британските весници, велејќи дека било исполнет со параноја и не знаел дали да им верува на пријателите и семејството.

Тој денеска откри дека стравувал дека ќе биде „избркан од кралското семејство“ поради гласините дека мајорот Џејмс Хјуит е негов татко.

– Секој пат кога излегував од авион или влегував во автомобилот, така да се каже, се гледав во ретровизорот. Очекував некој што се крие во грмушката да ме следи. Сè изгледаше како да сум под 24-часовен надзор. Почнувате како празно платно додека тие одредуваат каква личност сте и какви проблеми и искушенија може да имате. Тогаш почнуваат да ве принудуваат да ја играте улогата или улогите што најмногу им одговараат и да продаваат што е можно повеќе весници, особено ако сте „резерва“ „наследник“, „плејбој принц“, „неуспех“ или во мојот случај „дебел“, „измамник“, „малолетен пијаница“…, стоело во соопштението на Хари, пишува „Мирор“.

Хари објаснил дека дури на 30-годишна возраст сфатил дека мајорот Хјуит ја запознал принцезата Дијана дури откако се родил принцот Хари.

– Во тоа време всушност не бев свесен дека мајка ми не го запознала мајорот Хјуит пред да се родам. Овој временски план е нешто за што дознав дури околу 2014 година, објаснува Хари, додавајќи дека гласините биле многу штетни за него и, како што вели, стравувал дека може да биде „избркан од кралското семејство“ поради таквите гласини.

Слични содржини