337
Британскиот принц Хари изјави дека тврдењата дека се фалел дека убил 25 талибански борци додека бил на должност во Авганистан во новообјавените мемоари се „опасна лага“, објави денеска Би-Би-Си.
Хари во изјава за американската телевизија ги обвини новинарите дека ги извадиле неговите зборови од контекст, наведувајќи дека спинувањето го загрозило неговото семејство.
Принцот Хари истакна дека сака да го намали бројот на самоубиства на ветераните, да биде искрен за сопственото искуство во Авганистан и да им даде простор на ветераните да ги споделат своите искуства „без никаков срам“.