Принцот Вилијам еднаш ѝ подарил на Кејт Мидлтон „ужасен“ подарок и ја упропастил целата работа

од Nikola Popovski
54 прегледи

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам оваа година ја прославија 13-годишнината од бракот. Нивната љубов се разгорела уште во студентските денови на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска. Вилијам се навратил на оние денови кога ѝ дал нешто што ѝ било одвратно на Кејт.

За време на интервјуто за BBC Radio Five Live, принцот Вилијам зборувал на тема подароци и се потсетил на најбизарниот подарок што и го дал на својата сопруга Кејт Мидлтон.

„Тоа беше порано кога се приближувавме, мислам дека беше клучно. Не помина добро. Искрено немам поим зошто и купив двоглед. Изгледаше како добра идеја во тоа време“, објаснил војводата од Кембриџ.

Познато е дека членовите на британското кралско семејство традиционално си подаруваат подароци за Божиќ кои не чинат многу, но мора да исполнат еден услов – мораат да ги насмеат. Така, принцот Хари еднаш ѝ подарил на својата баба, покојната кралица Елизабета, капа за туширање со натпис „Ain’t Life a B****“. Кејт му подарила на Хари комплет со натписот „направи сам своја девојка“ пред да започне да излегува со Меган Маркл, а кралот Чарлс добил бела кожна даска за ВЦ од неговата сестра, принцезата Ана.

Чарлс очигледно заборавил да ѝ каже на својата прва сопруга, принцезата Дијана, за традицијата на кралското семејство за евтини божиќни подароци. Откако се омажила за него во 1981 година, Дијана беше веќе три месеци бремена со принцот Вилијам, нивното најстаро дете. И покрај утринската мачнина, таа сепак одвои време „да им купи на новите членови на семејството внимателни и скапи подароци“, објави Vanity Fair, не сфаќајќи дека таа ќе биде единствената што ќе го стори тоа.

Сосема очекувано, таа била „понижена“ кога на својата снаа принцезата Ана на Бадник ѝ подари џемпер од кашмир, а од неа доби држач за тоалетна хартија.

Слични содржини