34
Британскиот принц Вилијам денес ги повика светските и бизнис лидерите да преземат итни мерки за заштита на океаните на планетата, нагласувајќи дека тоа е „предизвик каков што не сме се соочиле досега“.
Зборувајќи на собир пред Конференцијата на ОН за океаните што започнува утре во Франција, Вилијам нагласи дека растечките температури на морето, загадувањето со пластика и прекумерниот риболов вршат притисок врз кревките екосистеми и луѓето што зависат од нив, објави Ројтерс.
„Она што некогаш изгледаше како извор на изобилство, се намалува пред нашите очи“, рече британскиот престолонаследник на форум во Монако.