271
Принцот Џорџ и принцезата Шарлот, деца на британската кралска двојка Вилијам и Кетрин, присуствуваа на богослужбата во Вестминстерската опатија, каде со 1.800 гости пееја божиќни песни во чест на нивната прабаба, неодамна починатата британска кралица Елизабета Втора.
Во извештајот на Би-Би-Си се вели дека британскиот крал Чарлс подоцна денеска ќе го одржи својот прв божиќен говор по преземањето на тронот.
„Нејзиното височество (кралицата Елизабета) го имаше Божиќ при срце, како празник што ги зближува луѓето, не потсетува на важноста на верата, пријателството и семејството и дава можност за емпатија и сочувство“, рече принцезата Кејт.