Принцот Хари призна во шоуто на Опра Винфри дека бил подготвен да употребува дрога само за да се чувствува подобро, една деценија по смртта на Дајана во 1997 година, а исто така зборуваше и за нападите на вознемиреност и паника што ги имал како постар, а го допре и искуството од погребот на неговата мајка.
Тој и призна на Опра во интервју кое ќе се емитува низ пет епизоди под наслов „Јас, кој не можеш да го видиш“ дека и неговата сопруга Меган минала низ тежок период и дека имала самоубиствени мисли кога била во напредна бременост со Арчи. Била спречена, како што вели, само помислата што ќе се случи со него ако изгуби уште една важна жена во животот.
Тој откри дека на патот кон Ројал Амберт хол, каде биле должни да се појават на некој настан, Меган детално му раскажала како има намера да стави крај на својот живот, што тој го спореди со она што се случило во 1997 година, во последните недели од животот на неговата мајка Дијана.
„Кога Меган ми кажа што сака да направи, таа рече дека се откажала само затоа што не сакала да ми дозволи да изгубам уште една жена во мојот живот. Мајка ми беше исфрлена затоа што била во врска со некој чија кожа не била бела. И погледнете што се случи. И сето тоа се повторува сега и патеката води кон истите луѓе, истиот модел, истата индустрија зад неа и тие нема да застанат додека Меган не умре“, рече Хари, кој не именуваше никого, но многумина протолкуваа дека тој мислел на британскиот жолт печат.
Хари зборуваше и за тоа како обилно употребувал дрога и алкохол за да се справи со тагата за смртта на неговата мајка принцезата Дајана и дека неговиот престој во Лондон е причина за вознемиреност.
Тој рече дека одел на терапија повеќе од четири години и дека периодот меѓу неговата 28-та и 32-та година е најмрачниот во неговиот живот.
Исто така рече дека му е жал што Меган и принцезата Дајана никогаш не се сретнале.