Принцезата Дијана понекогаш носела два часовници, за тоа имала слатка причина

383 прегледи

Принцезата Дијана отсекогаш имала совршено чувство за мода. Била позната по топлината и љубовта која ја делела со народот. Таа одбивала да носи ракавици во јавност, со цел да биде поблиску до народот и да им покаже наклонетост.

Во една прилика, фотографите ја фотографирале како носи два часовници и тоа не било случајно. Дијана на чудни начини ги покажувала своите емоции кон луѓето кои ги сакала, па овој гест бил наменет кон посебна личност, пренесува Brightside.

Првата фотографија на која е забележан овој чуден детаљ е направена во 1981 година, веднаш откако Дијана се свршила со принцот Чарлс. Фотографот го фатил моментот во кој таа го бодри својот свршеник, кој во тој момент играл поло. Се изгледало навистина обично, освен еден мал и екстравагантен детаљ: Дијана имала два часовника на раката. Се испоставило дека златниот часовник е нејзин, а другиот на Чарлс. Дијана во една прилика изјавила дека го носи неговиот часовиник како би му оддала почит и донела среќа.

Во средниот век постоела традиција во која девојките пред борба ги врзувале своите марамчиња на оклопот на витезот. Марамчето претставувало амајлија, тоа било начин жените да пружат поддршка на личност која ќе се натпреварува.

Иако бракот на Дијана и Чарлс не потрајал, овој сладок гест покажувва дека, можеби барем на почетокот, биле во врска полна со љубов и нежност.

Тоа не е единствен пат кога Дијана ја покажала својата љубов со сентиментален гест. Дијана, на денот на венчавката, одбила да ја носи тијарата која кралицата ѝ ја позајмила. Наместо тоа, избрала да носи тијара која долги години ја носеле жени од нејзиното семејство. Со овој гест, Дијана им оддала почит на семејните традиции.

Слични содржини