Принцезата Леа и Хан Соло биле вљубени и во реалниот живот

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Кери Фишер ја потврди врската со Харисон Форд.

1479322504-1

Да, принцезата Лeа и Хан Соло имале романса и надвор од екранот. Актерката на една од централните улоги во оригиналната трилогија “Војна на ѕвездите” Кери Фишер откри дека имала љубовна врска со партнерот Харисон Форд, потврдувајќи ги гласините кои се силни и по 40 години, соопшти Контактмјузик.

Фишер ова го изјавила во врска со 3-месечната романса за време на снимањето на филмот во 1976 година во интервјуто дадено за списанието “People”.

Во тоа време екранизираната принцеза Леа имала 19 години, а Харисон Форд, кој го игра Хан Соло во култната вселенска сага, имал 33-години, бил оженет и татко на две деца.

“Ситуацијата беше доста напната. Во текот на неделата бевме Хан и леа, а во текот на викендот – Кери и Харисон”, открива актерката, цитирана од агенциите.

Кери Фишер одлучила да проговори за долготрајната љубовна афера со Форд, откако ги преровила “виновниците дневниците”, кои ги задржала и го водела во тоа време.

Според списанието. “People” Харисон Форд е известен за новата книга “The Princess Diarist” за некогашна изгорена љубов во која ќе фигурираат и фрагменти од аферата, тој дури добил нацрт, но не одговорил на барањето на изданието за коментар.

Фишер пишува дека била растргната од сомневања во самата себе, откако ја поминала првата ноќ со Форд по забавата организирана по повод роденденот на основачот на “Војна на ѕвездите”, Џорџ Лукас.

Актерката тогаш се е прашувала како ваков “брилијантен примерок од машки пол” може да биде задоволен од таква како неа. “Бев толку неискусна, но во него имаше нешто што ми дишеше доверба. Беше обичен”, вели Кери Фишер.