Принцезата Шарлот го прослави седмиот роденден

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Принцезата Шарлот денеска наполни седум години, а нејзината мајка Кејт Мидлтон ги објави нејзините нови фотографии.

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам, ја фотографирала својата ќерка во неделата во Норфолк.

Малата принцеза седи на ливада, опкружена со виолетови пролетни цвеќиња, а на една фотографија го гушка домашното милениче.

Шарлот е четврта во линијата за тронот.

Вилијам и Кејт имаат уште два сина, принцот Џорџ и принцот Луис.

Шарлот е родена на 2 мај 2015 година во породилното одделение во болницата Сент Мери во центарот на Лондон.

Слични содржини