Принцот Чарлс ќе ги отфрли Меган и Хари кога ќе стане крал?

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Најстариот син на кралицата Елизабета и нејзиниот покоен сопруг Филип ќе станe крал на денот кога неговата мајка Елизабета ќе умре и, ако не земе друго име, тој ќе стане крал Чарлс III. Експертите за кралското семејство веќе започнаа да шпекулираат што ќе се случи кога Чарлс ќе седне на британскиот трон.

Принцот Чарлс ќе ги отфрли принцот Хари и Меган Маркл од кралското семејство кога тој ќе стане крал, предвидува кралскиот експерт Ангела Левин. Таа смета дека Чарлс значително ќе ја намали „компанијата“ кога ќе застане на чело.

Ова значи дека членовите на кралското семејство ќе бидат само наследници на круната, односно идни кралеви или кралици, а остатокот од семејството нема да може да добива пари од буџетот. Ако тоа се постигне, кралското семејство како институција ќе се состои само од кралот, престолонаследникот и децата на престолонаследникот.

„Принцот Чарлс долго време сакаше да ја намали монархијата за да заштеди трошоци и да ги направи луѓето вредни за парите кои ги добиваат од даночните обврзници“, вели Левин.

Слични содржини