Принцот Чарлс откри на кои песни најмногу сака да танцува

од Nikola Popovski
286 прегледи

Британскиот принц Чарлс, принцот од Велс, откри во радио емисија поради кои песни добива „неодолив порив“ за танцување.

Песните на изведувачите „The Three Degrees“, Дајан Рос и Едит Пјаф се меѓу оние што ги избра Чарлс за време на претходно снимената емисија за Hospital Broadcasting Association  (Здружението на национални болнички организации за емитување радиска и телевизиска програма)

Во едночасовната емисија „Music & Memories With HRH The Prince of Wales“, емитувана на 73-годишнината од основањето на Институтот за јавно здравје (НХС), престолонаследникот ги откри неговите омилени песни од младоста до денес , вклучувајќи ја и „Givin ‘Up, Givin’ In”, изведена од The Three Degrees, на прославата на неговиот 30-ти роденден.

Една од неговите омилени песни е „Don’t Rain On My Parade“ од Барбара Стрејсенд, сеќавајќи се дека ја видел пејачката и актерка на снимање во филмските студија на „Ворнер Брос“, кога служел како млад поручник во борбениот брод ХМС Јупитер.

На списокот со 13 песни се и „La Vie En Rose“ од Едит Пјаф и „Upside Down“ од Дијана Рос.

Радио-емисијата е снимена како дел од националниот Ден на благодарноста, што се одржува во недела, за сите луѓе кои работеле напорно за време на пандемијата на коронавирус. Принцот Чарлс исто така им се заблагодари на сите во емисијата.

Слични содржини