Малиот принц Џорџ е во центарот на вниманието на британската и светската јавност уште од неговиот прв роденден, од моментот кога неговите родители принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија со него пред лондонската болница во која е роден пред осум години.
Џорџ е трет во редот за кралскиот трон и иден монарх, но неговите родители сепак се обидуваат да му овозможат понормален живот за момче, барем во нивните четири ѕида и во најприватните моменти скриени од љубопитните очи.
Деталите за неговиот живот ги открил кралскиот биограф Роберт Лејси во книгата „Battle of Brothers“, кој тврди дека Џорџ дури неодамна, на седумгодишна возраст, сфатил дека еден ден ќе стане крал на својата земја.
„Вилијам никогаш не и откри на јавноста како и кога му објаснил на својот син дека еден ден и тој ќе биде крал, но се шпекулира дека тоа било летото 2020 година, некаде околу седмиот роденден на Џорџ. Тогаш неговите родители му објасниле малку повеќе за неговата иднина и што таа носи“, тврди Лејси.
Како и сите негови претходници, Џорџ веќе се подготвува за својата идна улога, но сега е откриено дека ги работи вообичаените работи на своите врсници, па секое утро си го чисти креветот, а на училиште никој не му се обраќа со титулата принц, туку говикаат Џорџ Кембриџ.
Секој негов јавен настап предизвикува голем интерес, а многумина остануваат омекнати од неговата спонтаност и едноставност, исто како што беше и на неодамнешниот фудбалски натпревар Англија-Германија на стадионот Вембли каде што пристигна со своите родители.
Лејси пишува и дека Џорџ, според блиски луѓе, станал самоуверено момче кое со самодоверба и перформанси освојува се околу себе.