Војводата од Единбург и сопругот на кралицата Елизабета, Принц Филип, Божик сепак ќе го помине во кругот на најсаканите. На Бадник ја напушти болницата во која помина четири ноќи, па ќе му се придружи на кралското семесјтво во Сандрингем, пишува Daily Mail.
Веста за неговата хоспитализација „одекна“ откако кралицата пристигна во Сандрингем. Палатата во кратко соопштение ја потврди веста како виситинита.
Здравствената состојба на војводата се надгледува веќе некое време, а сите се загрижиле откако наводно настинал.
Кралицата и принцот Филип во брак се 72 години и имаат четири деца. Поради умор и проблеми со здравјето принцот во 2017 година се повлече од кралските должности.
Инаку, сопругот на кралицата во јануари имаше сообраќајна несреча во кој неговиот Ленд Ровер се преврти. Принцот, за среќа, не беше повреден, туку бил само потресен и во шок.