Принцот Филип останува во болница, не сака посета

423 прегледи

Принцот Џорџ со кралицата Елизабета прави пудинг за да ја расположи во деновите кога нејзиниот сопруг се опоравува во болница, пишува The Sun.

Инаку, една од традиците во кралското семејство е токму правењето пудинг кој кралицата им го носи на членовите од семејството.

Со нив се дружеа и принцот Чарлс и принцот Вилијам, а кралицата уживала во нивното друштво. Фотографиите беа споделени на Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата.

https://www.instagram.com/p/B6WcfCSlbm4/

Принцот Филип до Божик ќе биде во приватната болница во Лондон. Извор близок до семејството рекол дека принцот инсистира, без оглед на неговата состојба, семејството да продолжи со прославите и да не го посетуваат.

– Не сака семејството да го види во болница. Не сака да им пречи во плановите, а сигурно не сака семејството да го помине Божик држејќи се за болнички кревет – рекол изворот.

Пријателот на принцот додал дека Филип сака да се опорави што побрзо и дека сака да ја доживее стотата. Секогаш зборувал дека не сака да биде стар и очаен и да го спречуваат да го работи она што го сака. Мразел кога здравјето му е нарушено.

– Кога Филип нешто ќе науми, можеме да се обложиме дека и ќе успее во тоа – додал.