Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркли го очекуваат своето второ дете, потврди портпаролот на парот, објави „Гардијан“.
Принцот Хари и Меган се подготвуваат да пречекаат брат или сестра за нивниот едногодишен син Арчи.
– Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде голем брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што го чекаат своето второ дете, изјави портпаролот.
Веста доаѓа откако Меган во ноември минатата година откри дека претрпела спонтан абортус тоа лето.
Двојката ја напушти својата улога во кралството во март 2020 година во потрага по лична и финансиска слобода, и сега живее во Монтечито, Калифорнија.
Новото бебе ќе биде осмо по ред за тронот. Првите седум места ќе останат непроменети – принцот од Велс, војводата од Кембриџ, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луис, Хари и Арчи.