Принцот Хари нема да присуствува на роденденот на Кралицата, се враќа кај Меган

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Кралицата Елизабета Втора во среда ќе наполни 95 години, а се шпекулира дека нејзиниот внук, принцот Хари, ќе го пропушти роденденот.

„Кралицата нема да биде сама. Со неа ќе има и други луѓе кои се грижат за неа и сакаат да бидат со неа за да ја поддржат во најтажните моменти“, рекол изворот, цитиран од медиумите на Островот.

Принцот Хари, според „Мирор“, се враќа во Калифорнија каде се наоѓаат неговата бремена сопруга Меган Маркл и синот Арчи.

Ова ќе биде прв роденден на Кралицата без принцот Филип во последните седумдесет години и таа планира да го помине како и секој друг ден во годината. Најверојатно ќе оди на имотот Фрогмор, каде ќе ги прошета своите две нови кученца корги.

Сите претходно договорени ангажмани се одложени затоа што кралицата Елизабета Втора сè уште е во официјалниот период на жалост за нејзиниот сопруг.

Слични содржини