Членовите на кралското семејство се лути на Меган Маркл и принцот Хари поради тврдењата кои ги дадоа во интервјуто за Опра Винфри, кое беше емитувано на американската телевизија минатиот понеделник. Сепак, иако Хари има лоши односи со неговиот татко Чарлс и брат Вилијам, тој сепак успеал да стапи во контакт со нив по интервјуто.
Оваа вест ја потврди пријателка на Меган Маркл, водителката Гајл Кинг.
„Па, јас всушност им се јавив за да видам како се чувствуваат после се, и вистина е, Хари разговарал со неговиот брат и татко. Ми рекоа дека разговорите не биле продуктивни, но им е мило што барем започнале да комуницираат“, изјави водителката.
Но Кинг, која е исто така многу добра пријателка на Опра Винфри, рече дека разговорите „не биле продуктивни“ и дека Хари и Меган сакале „кралското семејство да интервенира и да им порача на новинарите да престанат со неправедните, неточни и лажни приказни кои се дифинитивно на расна основа“.
„И мислам дека тие сè уште се вознемирени што палатата постојано кажува дека сакаат приватно да го решат проблемот, но сепак, тие веруваат во сите овие лажни приказни што излегуваат и кои се уште се многу омаловажувачки против Меган. Сè уште никој од кралското семејство не разговарал со Меган. И мислам дека ги фрустрира што гледаат дека се дискутира за раса во кралското семејство, кога цело време сакаа кралското семејство да интервенира и да им каже на новинарите да престанат да користат нефер, неточни, лажни приказни кои се дефинитивно расно засновани “, рече Кинг.