Принцот Хари се појави во Шкотска, изненади многумина со тоа како сакаат да го викаат

292 прегледи

Принцот Хари, војводата од Сасекс, денеска се појави во Единбург на еден од своите последни ангажмани пред и официјално да ги напушти кралските должности. Огранизаторите на настанот на кој зборувал Хари, биле изненадени кога принцот им кажал како да го најават.

„Само Хари. Бараше да му се обраќаме само со името“, рекле организаторите.

„Ве молам, со топла шкотска прегратка поздравете го Хари“, рекла одителката пред принцот да почне да зборува.

Инаку, членовите на кралското семејство носат титули НКВ, односно Неговото/Нејзино Кралско Височесто, во службените документи и на службените настани не им се обраќа со име, туку со титула. Така Хари досега го претставуваа со Неговото Кралско Височество војводата од Сасекс, а неговата сопруга Меган како Нејзиното Кралско Височество војвотката од Сасекс.

Слични содржини