Принцот не се тестирал преку врски, Камила е негативна

380 прегледи

Принцот Чарлс е позитивен на тестот за коронавирусот. Откако јавноста го дозна тоа, ја интересираше дали чекал ред за тестирањето како и останатите граѓани.

– Интересно. Имам симптоми, но не можам да се тестирам бидејќи немам врски. Изгледа дека животот на кралското семејство е повреден од животот на моето семејство. Сега е време за еднаков пристап. Нема изклучоци – гласеле повечето коментари на социцјалните мрежи.

Странските медиуми пишуваат дека принцот немал никакви привилегии туку неговите симптоми и години ги задоволувале критериумите за тестирањето. Тие јавуваат дека тој се чувствува добро, а моментално се наоѓа во Шкотска во самоизолација.

Со него е и сопругата Камила која исто така се тестирала за вирусот. Резултатот покажал дека таа е негативна.

– Камила е под строг надзор на медицинските лица, додека Чарлс се опоравува. Се чувствува добро и шири позитивни мисли – рекол извор.

Чарлс не ја видел својата мајка, кралицата Елизабета Втора, а британските медиуми пренесуваат дека таа се чувствува добро. Времето го поминува во дворецот во Винздор со сопругот Филип.

Слични содржини