Принцот Вилијам го обвини Би-Би-Си за влошување на врската меѓу Дајана и Чарлс

од Vladimir Zorba
399 прегледи

Британскиот принц Вилијам го обвини Би-Би-Си за предавство на неговата мајка принцезата Дајана и „труење“ на нејзината врска со принцот Чарлс.

Нападот на Вилијам врз Би-Би-Си се случи откако вчера беше објавен извештај за истрага, според кој новинарот на британскиот јавен сервис Мартин Башир ја излажал и измамил Дајана со цел да му даде интервју во 1995 година.

За време на интервјуто за емисијата „Панорама“, кое го следеа 20 милиони луѓе во Велика Британија, Дијана ја шокираше нацијата признавајќи ја аферата и откривајќи детали за нејзиниот брак со таткото на Вилијам, принцот Чарлс.

Дијана почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

„Според мене, измамничкиот начин на кој се одржа интервјуто значително влијаеше на она што го рече мајка ми. Интервјуто многу придонесе за влошување на односот помеѓу моите родители и повреди многу други луѓе“, рече принцот Вилијам.

„Неописливо сум тажен од сознанието дека неуспехот на Би-Би-Си значително придонесе за нејзиниот страв, параноја и изолација, на кои добро се сеќавам во последните години со неа“, додаде Вилијам.

Се огласи и принцот Хари. Иако тој не го спомна директно Би-Би-Си, тој посочи на ефектите од медиумите и културата на експлоатација и неетичките практики што на крајот довеле до нејзината смрт.

„Благодарам на оние кои презедоа одредена одговорност. Ова е првиот чекор кон правдата и вистината. Она што длабоко ме загрижува е дека оваа практика, уште полошо, е распространета и денес“, истакна Хари.

Слични содржини