Принцот Вилијам и посака среќа на англиската фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство против Италија вечерва на „Вембли“.
– Ви посакувам среќа. Вие го донесовте најдоброто од Англија и сите сме зад вас, целата земја е зад вас, па донесете го дома – рече принцот Вилијам, кој е и претседател на Англиската фудбалска асоцијација (ФА).
Принцот Вилијам ја објави својата порака на видео на Твитер.
Англија вечерва ќе го одигра своето прво финале во историјата на Европските првенства, а досега најголемиот успех го постигнаа во 1968 година кога беа трети, додека во 1996 година беа елиминирани во полуфиналето.
Тоа ќе биде четврто финале за Италија, а досега еднаш славеше во 1968 година, додека беа поразен двапати во финалето (2000, 2012).