Принцот Вилијам сакал да се сретне со Хари, го одбил со два збора

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Многу се зборуваше за јазот меѓу принцот Вилијам и неговиот брат Хари и нивната ладна врска, наводно, предизвикана од загриженоста на Вилијам за врската на Хари со Меган Маркл, која брзо се развила пред нивната кралска венчавка во 2018 година.

Хари првпат се отвори за расправијата со својот брат во 2019 година, кога тој и Меган беа на патување во Јужна Африка – само неколку месеци пред јавно да се повлечат како членови на кралското семејство.

Хари тогаш во интервју навел дека тој и Меган „се борат“ со некои од притисоците на животот како вработени во кралското семејство, а моментот што изненади многумина беше кога Хари рече дека неговиот однос со брат му има „добри и лоши денови“.

Според новата книга „Courtiers: The Hidden Power Behind the Crown“, Вилијам, новиот принц од Велс, наводно се обидел да допре до својот помлад брат.

Хари првично бил отворен за помирување со својот брат, но ја одбил понудата на Вилијам откако се загрижил дека веста за нивната средба ќе ја обелоденат од кралскиот персонал.

Во извадок од книгата објавен во „Дејли Меил“, авторката Валентина Лоу пишува: „Денот по емитувањето на документарецот, Вилијам му испрати порака на својот брат да го праша дали може да дојде да го види. Отпрвин Хари беше за, но тој разговараше со Вилијам повторно и го праша кој сè ќе треба да знае за нивниот разговор, ако дојде до него. Вилијам објаснил дека ќе мора да го расчисти распоредот, што би значело да ѝ каже на својата приватна секретарка. Тогаш Хари му рекол: Не доаѓај“.

„Тој беше толку загрижен дека тимот на Вилијам ќе ја открие посетата на печатот што попрво не би го видел својот брат отколку да ризикува да влезе во весниците“, напиша авторот во книгата, додавајќи дека неуспехот да се сретнат лице в лице дојде како „потресна“ вест за луѓето блиски на двајцата браќа и истакна како им станало тешко на некои членови на кралското семејство директно да комуницираат поради високото ниво на контрола.

Минатиот месец, браќата повторно се обединија по смртта на кралицата Елизабета Втора, дури и прошетаа заедно. Сепак, кралски извор вели дека ова привремено примирје ќе трае само додека Хари не ги објави своите претстојни мемоари, од кои целото кралско семејство многу се плаши.

Слични содржини