Принцот Вилијам во 2003 година започнал да се забавува со својата сегашна сопруга Кејт Мидлтон, а пред тоа се допишувал со позната поп пејачка. Барем така пишуваа тогаш светските медиуми.
Во 2002 година, пејачката Бритни Спирс во ток-шоуто на Френк Скинер откри дека се допишувала со принцот Вилијам по е-пошта и дека дури го поканила да излезат на состанок додека била на турнеја во Велика Британија.
„Некое време се допишувавме по е-пошта и требаше да се видиме, но тоа не се случи“, изјави тогаш Бритни и призна дека Вилијам не се појавил на договорениот состанок.
Пејачката никогаш не дознала зошто принцот се предомислил, а британските медиуми тогаш пишуваа дека наместо да оди на состанокот, отишол на лов на лисици.
britney spears almost was the queen of england! in 2002, she admitted that prince william was technically to blame for their missed connection. “we exchanged emails for a little bit, and he was supposed to come and see me somewhere… but it didn’t work out, so that was it.” pic.twitter.com/2eWwvY32Xv
— 2000s (@PopCulture2000s) November 29, 2021
Гласините за нивната онлајн романса ги исполнуваа колумните на британските весници со месеци, но палатата цврсто ги отфрлаше овие наводи. Во септември минатата година, кралскиот биограф Кристофер Андерсен откри повеќе детали за нивната романса.
„Вилијам и Бритни се обидоа да се најдат додека беа млади. Многупати разговараа на телефон, но не се сеќавам дека се виделе во тој период“, напишал Андерсен во својата книга Brothers and Wives: Inside the Private Lives of William, Kate, Harry and Meghan.