Во Prior мислеле дека GR Yaris на Toyota треба и може да изгледа уште поагресивно, а потоа ги ставија своите зборови на дело.
Германската тјунинг компанија Prior Design не се занимавала со погонот на најмоќниот Yaris, кој е поддржан од одделот Gazoo Racing на Toyota, бидејќи реално нема што да се додаде на чистокрвниот спортски автомобил кој послужи како основа за Yaris со кој Toyota се натпреварува во Светскиот рели шампионат.(WRC – World Rally Championship).
Наместо да „извлече“ повеќе коњски сили од трицилиндричниот 1,6-литарски турбо бензински мотор на GR Yaris кој развива 272 КС и 390 Nm, Prior се обиде визуелно да ја приближи каросеријата со три врати до каросеријата на верзијата WRC и со нов сет на компоненти на каросеријата, автомобилот сега е дополнително намален и поширок.
Покрај прилагодливата суспензија на KW, промените под продолжените браници вклучуваат нови бандажи со централно прицврстување, а Prior тврди дека со сите доработки, GR Yaris со адаптивен интегрален погон ќе постигне подобри времиња на патеката во споредба со стандардната верзија.
Останува прашањето дали Prior Design наскоро на сличен начин ќе се справи со најмоќната Corolla, која ја носи и ознаката GR.