Приоритет на руското над меѓународното право!?

од desk3
103 прегледи

images

Претседателот на рускиот Истражен комитет Александар Бастрикин предложи да биде создаден меѓународен суд за воени криминалци од Украина, пишува “Московскиј комсомолец”. Покрај тоа, според него руското национално законодавство треба да стои над нормите на меѓународното право. Според неговите зборови, уставниот текст за приоритетот на меѓународните норми “работи против интересите на Русија”, соопштува “Комерсант”.

САД и земјите од ЕУ активно ги користат меѓународните правни норми во служба на сопствените стратешки интереси. Овие норми придонесуваат за санкциите против Русија, изјави по повод изјавите на Бастрикин Георгиј Смирнов, виш истражувач во неговата канцеларија.

Уставите на многу земји како Велика Британија, Бразил, Индија, Шпанија, Италија, Северна Кореја, САД, Франција и Јапонија или не спомнуваат воопшто дека меѓународното право има предност пред националното законодавство, или предвидуваат владеење на националните закони, или пак даваат правна сила само на оние меѓународни норми, кои се вградени во националното законодавство, вели Смирнов.

Иницијативата на Бастрикин е непристојна, смета сепак Елла Памфилова, претседателски полномошник за човекови права во Русија. Според неа откажувањето од приоритетот на меѓународното право ќе го олесни животот на органите на прогонот, но ќе ги ограничи можностите на обичните луѓе да ги наметнат своите права, пишува весникот.

Тој наведува и други руски активисти, ги критикуваа предлозите на Бастрикин за уставни измени. Претседателот на центарот “Меморијал” Александар Черкасов се огласи негативно и за иницијативата да бидат проширени овластувања на истражниот комитет за активност надвор од границите на Русија. Тој ја нарече “апсурд” идејата за нов меѓународен трибунал.

Независно од критиките, предлозите на Бастрикин може да бидат реализирани, смета политикологот Евгениј Минченко. “Во моментов се анализираат мислења, но со оглед ако сака на Јукос е сосема реално” Москва да се откаже од приоритетот на меѓународното право, вели тој. Станува збор за спорот против Русија во вредност од 50 милијарди долари, добиен од компанијата минатата година во арбитражата во Хаг, потсетува весникот.

Принципот за приоритет на меѓународното право може да биде укинат од руското законодавство само ако се усвои новиот устав, а сега “не му е времето”, коментира претседателот на Советот на претседателот за развојот на граѓанското општество и правата на човекот Михаил Федотов, цитиран во ” Независимаја газета “.

За промени во Уставот треба да се свика уставно собрание, а во Русија и до денес нема закон за таков орган, наведува пратеникот Михаил Емелјанов од партијата “Праведна Русија”.