Припадници на движење против вакцинација насилно упаднале во зградата на Би-Би-Си во Лондон (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Членови на движење против вакцинација се обиделе насилно да влезат во телевизискиот центар на Би-Би-Си во Вајт Сити во западниот дел на Лондон. Видеото објавено на социјалните мрежи покажува како демонстранти се обидуваат да влезат во зградата на британскиот јавен сервис, во присуство на голем број полицајци, пренесува „Индипендент“.

Со извици и свирежи, членовите на движењето се обиделе насилно да влезат во зградата на британскиот јавен сервис. Според „Индипендент“, полицијата ги спречила во тоа.

Портпаролот на полицијата изјави дека група демонстранти се собрале во Вајт Сити.

„Никој не е уапсен, но полицајци се присутни и ќе продолжат да ја следат ситуацијата“, изјави портпаролот на полицијата.

Портпаролот на Би -Би -Си изјави дека медиумската корпорација не коментира безбедносни прашања.

Надвор од студиото на британскиот јавен сервис, се слушале извици „Срам да ви е“, а еден од демонстрантите ја обвинил телевизијата дека не ги дава вистинските информации.

Коментарите објавени на социјалните мрежи наведуваат дека собраните во Вајт Сити протестирале против пасошите за вакцинација и имунизација на децата.

Слични содржини