Прирачник за ПМС за мажи

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Предменструален синдром (ПМС) е постојана тема за шеги и закачки од страна на посилниот пол. Мажите сакаат да пуштаат несолени коментари на сметка на жените на темата, иако никогаш не доживеале такво нешто и едвај би го издржале.

Можеби ако господата се потрудеа да дознаат малку повеќе што точно претставува таа состојба, немаше да се толку храбри во шегичките и би имале разбирање кон партнерката и останатите жени. Затоа ќе им помогнеме:

1. Чувствата на жените се менуваат заедно со нивното тело

Зголемувањето на градите и грчевите во стомакот не се единствените знаци на ПМС. Расположението исто така се менува постојано и тие немаат никаква контрола врз него.

2. ПМС не е периодот на самиот циклус, туку и времето пред тоа

Тој започнува недела пред “главниот настан” и тогаш хормоналната нерамнотежа е во својот врв.

3. Хормоните не можат да бидат контролирани

Од таа причина и вашата партнерка е ту изнервирана, ту насмевната, ту бесрамна. Не ѝсе потсмевајте и не ја обвинувајте, во телото ѝ е целосен хаос.

4. Копнежот за “џанк фуд” е нормален

Кога хормоните беснеат, нападите на глад за чудна храна се целосно нормални. И ако таа побара сладолед во 5 наутро, не се спротивставувајте, само обезбедете ѝ го.

5. ПМС-от е различен кај секоја жена

Мажите тешко ги дефинираат знаците на ПМС, бидејќи кај секоја жена е различен. Некои се депресивни, други агресивни, трети не можат да престанат да се товат со слатко, а четврти немаат апетит. Вистината е дека не е потребно да ги знаете сите симптоми, доволно е да проучите како вашата партнерка реагира во овој период од месецот и да го почитувате ова.

6. Отокот не е измислица, ниту е плод на мрзеливост

Колку и да звучи чудно, за време на ПМС и на самиот циклус, жените задржуваат многу повеќе вода, стомакот често им отекува и вагата дава со 1-2 килограми повеќе. Во никој случај не ги коментирајте тежината и изгледот во овие денови од месецот.

7. Заморот е постојан придружник на ПМС

Таа не се лигави како ви кажува дека е уморна, откако отишла само до блиската продавница. Повторно виновни се хормоните, чии остри промени на нивоата ги лишуваат жените од тонус и енергија. Во периодот на ПМС таа може да лежи цел ден, дури иако онака е супер активна личност.

8. Ова не е нешто што може да биде поправено

Знаеме дека сакате да надминете сè и да си заштедите главоболки покрај нејзиниот ПМС. Но еден аспирин нема да ѝ ја излечи главоболката ниту пак болките. Затоа едноставно помирете се дека тоа ќе се случува секој месец и наполнете се со трпение и бидете потактични и толерантни, иако реално не го разбирате сосема она што се случува во нејзиното тело.