Природните убавини во Кина кои вреди да ги посетите

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Кина е четвртата по големина земја во светот после Русија, Канада и САД.53b1cd9af4ae7d2160d292d31e1b7562

Затоа, на територијата на оваа азиска држава можат да се видат безброј убавини и знаменитости, изградени не само од човечката рака, туку и извајани од природата.

Сите сме слушнале за Кинескиот ѕид, но Кина е многу повеќе од тоа.

Земјата е интересна покрај со многуте историски споменици, туку и со не една или две природни убавини – вистински спектакуларни богатства на мајката Земја.

Се разбира, поради огромната површина врз која се наоѓа Кина , може да е малку тешко човек да ги види со свои очи сите прекрасни карактеристики, дело на природата.

Тешко, но не и невозможно – услов е да се има доволно време, средства и желба.

Засега ние се задоволивме со виртуелна тура на некои од најимпресивните природни убавини во Кина.

Тие се уште еден доказ зошто оваа земја заслужува да биде посетена при првата можност. Веројатно и вие ќе бидете инспирирани – проверете како сѐ тоа изгледа во нашата галерија .