ПРИРОДНО ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ: Две киви дневно ја заменуваат потребата од земање ВИТАМИН Ц

од Radmila Tasevska
1,4K прегледи

Кога повеќето луѓе размислуваат за зголемување на витаминот Ц, веднаш помислуваат на портокали или додаток во исхраната. Сепак, кивито нуди најголема количина на витамин Ц по грам, цитира Стандард лајф.

Ако јадете киви во текот на зимата, тоа може да ви помогне да ја елиминирате потребата од земање витамин Ц, открива новото истражување.

Истражувањето објавено минатиот месец на порталот Foods покажа дека консумирањето две киви дневно во текот на шест недели го зголемува внесот на аскорбинска киселина (или витамин Ц) за 150 mg на ден.

– Со додавање на едно или две киви дневно, можете да бидете сигурни дека ја добивате препорачаната количина на витамин Ц – изјави Жаклин Вајман, нутриционист и диететичар.

Таа објасни дека, покрај овој висок процент на витамин Ц, грицкањето киви може да биде одлична ужина и да ги подобри нутритивните квалитети и здравјето.

Ванџам наведува дека жолтото киви содржи 130 mg витамин Ц на 80 g парче овошје, додека зелената сорта содржи 70 mg витамин Ц и е малку помала по големина.

Истражувачите забележале дека секојдневното консумирање на ова ниво на витамин Ц преку киви ја елиминира потребата од суплементи и обезбедува дополнителни здравствени придобивки.

– Познато е дека кивите го зајакнуваат вашиот имунолошки систем, а силниот имунолошки систем е клучен за време на сезоната на настинки и грип за да се заштитите од инфекција со вируси – изјави д-р Лора Перди, општ лекар, за списанието Health.

Покрај витамини, кивито е и добар извор на влакна

Иако оваа студија за ефектите од секојдневното консумирање киви вклучи само 24 здрави мажи на возраст меѓу 25 и 60 години без историја на дијабетес тип 1 или 2 или нетолеранција на гликоза – резултатите се ветувачки.

Не само што учесниците го зголемија нивото на витамин Ц, туку и нивниот внес на влакна се зголеми, без негативно да влијае на нивните воспалителни и метаболички биомаркери.

Ова значи дека е безбедно да се консумира киви секој ден без никакви негативни реакции на вашиот метаболизам – освен ако не сте алергични на него.

– Вклучувањето на киви во секојдневната рутина оваа зима е практичен начин за добивање на витамин Ц бидејќи помалите дози полесно се апсорбираат од една голема доза, како додаток – додава Вајман.

Таа препорачува да се јаде киви како дел од пладневна ужина или десерт, заедно со друго овошје и зеленчук кои содржат повисоки нивоа на витамин Ц.

Слични содржини