Приштина одговори за реакцијата на Квинтата, ОБСЕ и ЕУ за експропријација на земјиште во општините на северот на Косово

од Илинка Илиоска
593 прегледи

Неточно ја презентираа фактичката состојба и правна оценка која не беше поткрепена – соопшти сношти косовската Влада во врска со реакцијата на Квинта, ЕУ и ОБСЕ за „конечната“ одлука за експропријација на недвижности на северот на Косово. Владата во Приштина вчера за првпат во контекст на експропријација јавно потврди дека во инфраструктурните проекти што се реализираат е и изградбата на „полициски станици“. Тврдат дека на овој начин им се обезбедува безбедност на граѓаните „кои биле изложени на теророт на криминалните групи на Милан Радоичиќ“.

КВИНТАТА, ЕУ и ОБСЕ реагираат до косовската Влада за експропријации на северот

Косовската влада на 30 мај ја усвои конечната одлука за експропријација на недвижен имот засегнат од реализацијата на, како што велат, „инфраструктурни проекти од јавен интерес“ во општините Лепосавиќ и Зубин Поток.

Тие тогаш изјавија дека оваа одлука е донесена „во согласност со правосилните пресуди на судовите на Република Косово“.

Според текстот на правосилното решение, одобрена е експропријација, на недвижен имот во катастарските подрачја: Бистрица, Шаљска Бистрица, Дрен, Лешак, Кошутово – општина Лепосавиќ; како и областите: Брњак, Зубин Поток, Вељи Брег, Бање, Горњи Јасеновиќ – општина Зубин Поток.

Она што недостигаше во тој текст беа детали за парцелите опфатени со оваа одлука за експропријација, иако во текстот на одлуката се споменуваат наводни табели и извештаи со детали.

Од друга страна, РСЕ извести дека сега е покриено осум хектари помалку земјиште отколку според првата одлука за експропријација од јануари 2023 година.

Но, минатиот петок владата не го образложи исходот од судските постапки што годинава се водеа откако Основниот суд врз основа на тужбите на сопствениците на имот утврди дека е незаконски, по што владата најави дека ќе презентира нов предлог.

На наводите на Квинта, ЕУ и ОБСЕ, тие одговараат со тврдењето дека косовското законодавство дозволува да се носат одлуки „и покрај постапките поведени пред судовите“.

Од друга страна дури тврдат дека косовската Влада „сепак ги чекала одлуките на судовите пред да пристапи кон конечната одлука“.

„Единствениот спор поврзан со постапката за експропријација според судската пракса во Стразбур е висината на надоместокот“, додаваат во реакцијата.

Косовската Влада се повика на претходната одлука за експропријација, наведувајќи дека против неа биле поднесени тужби со тврдење дека е прекршен процесниот закон, но:

„Судовите утврдија дека тужителите, со исклучок на мал број, немаат легитимитет во постапката, бидејќи не се сопственици на недвижноста што била предмет на експропријација. Во конечната одлука Владата ги зеде предвид одлуките на судовите и го исклучи од експропријација имотот на успешните тужители“, се додава во соопштението.

Тие дури тврдат дека законот во овој случај се применувал на ист начин како и во сите други случаи на „експропријација за јавен интерес“ низ Косово.

„Сметаме дека сите се согласуваат дека пред законот, сите региони на Косово треба да се третираат исто и еднакво“, додаваат од косовската влада.

Мифтарај за Локално: Законот за експропријација во српските општини не прекршува ниту една меѓународна обврска на Косово

Слични содржини