145
Француските работници, незадоволни поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање, денеска го блокираа пристапот до терминалот на парискиот аеродром Роаси-Шарл де Гол како дел од големите протести ширум земјата, принудувајќи некои патници да стигнат таму пеш.
Протестот во близина на терминалот 1 Роаси нема да влијае на летовите, изјави портпаролот на аеродромот.
Железничките услуги се во прекин, некои училишта се затворени, ѓубрето е натрупано на улиците, а производството на електрична енергија е загрозено бидејќи синдикатите во електраните вршат притисок врз владата да го повлече законот, со кој старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години, пишува „Ројтерс“.