Пристигаат резултатите од изборите во Хрватска: ХДЗ има најмногу мандати

од Симе Стоиков

Објавени се првите резултати од изборите во Хрватска. ХДЗ води, а резултатите во штабот беа дочекани со возбудување и скандирања „победа“. До 22 часот се преброени 58,78 отсто од гласовите. Гласале 60,15 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

Резултати во мандатите по 58,78 отсто пребројани гласови се следниве:

Според овие податоци, ХДЗ и партнерите освоиле 64 мандати. СДП и партнерите 42 мандати, Домовински покрет 13 мандати, Мост 9 мандати, Можеме осум мандати, Истарскиот демократски сојуз три мандати, Фокус освои два мандата, а Независната платформа Север исто така два мандата.

За состав на Владата треба да се обезбеди поддршка од 76 пратеници. Движењето Домовински покрет, Мост и Можемо тврдат дека сигурно нема да ја поддржат ХДЗ.

Дека ХДЗ тешко може да очекува поддршка од Мост, вечерва потврди и претседателот на таа партија, Божо Петров, кој по објавувањето на излезните анкети рече дека „ХДЗ сега треба да се испрати во опозицијата“.

Слични содржини