Пристигна токсиколошкиот извештај на момчето кое изврши масакр во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
704 прегледи

Синоќа беше изработен токсиколошки тест за да се утврди дали Коста К. бил под дејство на психоактивни супстанци кога го извршил масакрот.

„Резултатот од токсиколошкиот тест е негативен“, изјави за „Танјуг“ адвокатката на момчето, Ирина Боровиќ.

Да потсетиме, К.К. (13), ученик од седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, вчера пукаше во ученици, наставник и член на обезбедувањето во училиштето. Загинаа осум ученици и еден член на обезбедувањето, а повредени се шест деца и еден наставник.

Слични содржини