Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44

од Симе Стоиков

Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои се гласаше до 19 часот.

Според првите излезни анкети објавени во централниот дневен весник на ХРТ, ХДЗ и партнерите освоиле 58 мандати, а СДП со партнерите освоиле 44 мандати.

„Домовински покрет“ и партнерите освоија 13 мандати,

„Можеме“ и партнери дојдоа до 11 мандати, „Мост“ и партнери се борат за за девет мандати, а „Независна платформа Север“ – два мандати.

Според истата анкета, „ИДС и партнерите имаат два мандата, а „Фокус“ и „Републиката“ по еден мандат.

Слични содржини